Светска банка најави пад на цената на нафтата

Објавено на 11 август, 2015 во 12:53

Светската банка предвидува пад на цената на нафтата за 10 долари по падот на санкциите против Иран, пишува РБК. Според експертите од тоа најмногу ќе добијат Велика Британија, Кина, Индија, Турција .

По падот на санкциите според банката понудата на нафта на светскиот пазар ќе скокне за околу 1 милион барели на ден. Се очекува враќањето на иранската нафта да доведе до пад на цената од 66 до 56 долари за барел, што ќе им наштети на приходите на најголемите земји – извознички на суровината.

Експертите го оценуваат намалувањето на приходите на Саудиска Арабија со околу 40 милијарди долари годишно, а на Либија – со 5 милијарди долари. Самиот Иран ќе го зголеми неговиот приход, а ќе освои повеќе од зголемувањето на извозот, отколку што ќе загуби од падот на цената.

Светската банка очекува и скок на обемот на странски директни инвестиции во Иран. Уште во 2016-2017 година тие можат да достигнат 3-3.2 милијарди долари, околу двојно повеќе од сегашниот обем. Техеран за возврат ги проценува потребните инвестиции во нафтениот и гасен сектор на 130-145 милијарди долари до 2020 година

Земјите увознички ќе добијат не само од падот на цената, но и од целосната трговија во Иран. Од тоа ќе имаат корист најмногу САД и ЕУ, бидејќи обемот на трговијата со Иран падна речиси на нула по воведувањето на санкциите. Русија исто така ќе победи, бидејќи во 2000 година од неа доаѓаа 11% од увезените во Иран стоки, а во 2014 година – само 2%.

Претходно Morgan Stanley прогнозира дека по падот на санкциите и крајот на граѓанската војна во Либија ќе доведе до скок на понудата која може да ја влоши ситуацијата на пазарот на нафта и да доведе до најтешкиот пад на цените од пре 30 години.

JP Morgan исто нагло намалија прогнозата за движењето на цената на нафтата во 2015 година.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.