Нова можност на Е-ПДД за МојДДВ – граѓаните ќе можат да ја проверуваат исплатата

Објавено на 12 февруари, 2021 во 16:18

mojddv fin

12.02.2021

Управата за јавни приходи на електронската платформа е-ПДД постави нова функционалност за граѓаните кои скенираат фискални сметки преку апликацијата Мој ДДВ, информираат од УЈП.

Појаснуваат дека секој граѓанин со најава на својот профил на е-ПДД , има можност во новото прозорче ,,МОЈ ДДВ – До каде е исплатата на повратот,, да изврши увид во состојбата за исплата на парични средства по основ на МојДДВ.

„Преку оваа нова функционалност граѓанинот може да се информира за тоа дали му е вратен дел од ДДВ за соодветното тримесечје, односно кога е извршена исплатата, дали трансакциската сметка е погрешно внесена ( внесената сметка не е лично негова / внесен е број на платежна картичка), како да ја коригира погрешно внесената трансакциска сметка за да се реализира исплатата“, наведуваат од УЈП.

Управата за јавни приходи, посочуваат, продолжува со поедноставување и автоматизирање на процесите, во насока на обезбедување на високо ниво на услугите за граѓаните.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.