Европска Иницијатива за стабилност. Против воведување визи за Западен Балкан
Реформа на мерките за азил, од страна на земјите членки на ЕУ, наместо повторно воведување на визи за граѓаните од западен Балкан, предлагаат од Европската Иницијатива за стабилност. Водедувањето визи би била стратешка грешка на Унијата бидејќи ќе ги обесхрабрат земјите како Косово, Турција и Молдова кои водат разговори за укинување на Шенген визите. Во исто време предупредуваат дека тоа би била стратешка грешка.
Наместо да се бара од западно-балканските земји да спроведуваат информативни кампањи за зголемување на свеста кај граѓаните и да спроведуваат контроли над сопствените граѓани при излез од земјата, од Европската иницијатива за стабилност, предлагаат земјите од регионот да бидат ставени на листата „безбедни земји на потекло“ на ниво на ЕУ со што за нив ќе важи забрзаната процедура за одлучување по барањата за азил.
„Според законодавството за азил на ЕУ, барањата од граѓаните што потекнуваат од безбедните земји можат да добијат приоритет и за нив да се одлучува по забрзана процедура, како што денес е случај со Австрија “, предлагаат Гералд Кнаус и Александра Стиглмаер.
Тие посочуваат дека земјите членки на ЕУ и на индивидуално ниво може да состават вакви листи.
