Расте бројот на македонски азиланти во Германија!

Објавено на 12 ноември, 2012 во 20:38

Секој месец континуирано се зголемува бројот на Македонци кои бараат азил во Германија и покрај предупредувањата дека доколку продолжи ваквиот тренд под знак прашалник ќе биде ставен независниот режим.

 

Официјалните податоци на германското министерство за внатрешни работ се дека 1351 Македонец минатиот месец побараме азил во нивната земја,што преставува 30 % повеќе во однос на септември кога 1.040 Македонци поднеле барање за азил или двојно повеќе во однос на август кога азил побарале 620 македонски граѓани.

Во 2012 година Србите водат на листата за барање азил во Германија,потоа се Авганистанците  а македонските граѓани се на петто место со 3.946 поднесени барања за азил.

Барање за азил во Германија за периодот јануари – октомври  поднеле вкупно 50.344 лица што е за 37% повеќе во однос на минатата година.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.