Брисел ќе го рекламира влезот на Хрватска во ЕУ!
За тоа ќе потроши 20 милиони евра.
Избран е конзорциумот од агенции за односи со јавноста кои ќе и го обезбедат приклучувањето на Хрватска на Европа.
Според загрепски Вечерњи лист, лондонската компанија Грејлинг е задолжена за оваа работа. Таа е дел од конзорциумот на бриселската агенција ЕНС. Тоа е компанија чии клиенти се Кока кола, Бритиш ервејз и банкарската корпорација ЏП Морган Чејс. Од таму се воздржале од коментари за новиот ангажман.
Нејзин приоритет ќе биде да ги разбие митовите и предрасудите за проширувањето, особено пред влегувањето на Хрватска во ЕУ, на 1 јули следната година.
Според весникот,по објавувањето на Извештајот за мониторингот, некои германски политичари ја довеле во прашање подготвеноста на Хрватска за приклучување кон ЕУ.
Спомнати се искуствата со Бугарија и Романија, државите за кои се смета дека преку ред и недоволно подготвени влегле во ЕУ особено со граѓаните кои веднаш потрчале по работа, во старите земји членки, што негативно влијаеле врз граѓаните и политичарите на овие држави.
Затоа во случајот со Хрватска, ПР-агенциите ќе даваат совети, ќе се занимаваат со медиумите и социјалните мрежи за проширувањето да не се доживее како загрозување, туку како „збогатување на Унијата“, пишува Вечерњи лист.
Инаку пристапниот договор за приклучување на Хрватска во ЕУ досега го ратификувале 20 од 27-те земји-членки на Унијата.