По скандалите, ЕУ реши да воведе ред во своите Агенции!
Во повеќе од 30 агенции, канцеларии, служби и фондации на ЕУ, од кои во неколку имаше скандали поради конфликти или слаба управа,ќе се воведува ред јавуваат медиуми од Брисел.
Тоа ќе се прави откако ЕУ усвоила мапа за унапредување на ефикасноста, одговорноста, кохерентноста и транспарентноста, како и за подобра управа во тие децентрализирани органи на ЕУ, кои во 2012 година од буџетот на Унијата добиле 750 милиони евра.
Комисијата планира да намалидел од агенциите, било со спојување или со затворање на некои од нив.Предложените реформи имаат за цел се зголеми ефикасноста и одговорноста на агенциите, во коишто се вработени околу 7.000 луѓе и уште околу 5.000 врз база на привремени договори.
Агенциите кои што ќе се реформираат се разликуваат од извршните агенции на ЕК кои се директно одговорни за Комисијата.