Нимиц, во четиридневна посета на Грција и Македонија!
По престојот во Атина, предвидено е Нимиц да го посети Скопје.
Според најавата од прес-службата на Обединетите нации(ОН), посетата на медијаторот во македонско-грчкиот спор за името, Нимиц е со цел забрзување на процесот на изнаоѓање на взаемно прифатливо решение во спорот со името.
На неколку недели пред посетата на Нимиц, македонскиот претседател Ѓорге Иванов изрази очекување за нови иницијативи и нови идеи за време на посетата на Нимиц.
„Се надеваме дека ќе има нови иницијативи и нови идеи за кои ќе треба да разговараме. По посетата на генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун во Македонија, состојбите се менуваат. Се чувствува негов личен ангажман и настојување Нимиц да биде поактивен за да може процесот да се одвива и да не стои во место”, изјави претседателот Иванов.
Воздржаност во прогнозите изрази шефот на дипломатијата, Никола Попоски, кој рече дека својот коментар македонските власти ќе го дадат по завршувањето на посетата на Нимиц.
Грчките медиуми, пред доаѓањето на медијаторот шпекулираа дека на средбите ќе биде изнесен конкретен предлог. Најспоменувана е опцијата „Република Северна Македонија