Хакери краделе важни податоци!

Објавено на 16 јануари, 2013 во 09:19

Пет години со ред непознати хакери краделе податоци од Европската Унија и НАТО соопштија од руската лабараторија за компјутерска безбедност “Касперски“.

По електронски пат биле украдени документи од амбасади, владини и воени институции во 16 од 27 земји-членки на ЕУ (Австрија, Белгија, Бугарија, Чешка, Кипар, Финска, Германија, Грција, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Португалија, Словачка и Шпанија).

Според „Касперски“ хакерите упаднале и во дипломатските и владини компјутерски мрежи во Австралија, Иран, Израел, Русија и САД.

Во Белгија, каде се централите на ЕУ и на НАТО, биле регистрирани 15 одделни незаконски упади во компјутерски мрежи.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.