Европа со помош за гладните во Африка!
Европската комисија го усвои планот за распределба на повеќе од 661 милиони € во хуманитарни цели за 2013 година.
Оваа т.н. Одлука за хуманитарна помош ширум светот ќе биде финансискиот ‘рбет на Оперативната стратегија на Европската комисија за хуманитарна помош во 2013 година. Комисијата ќе финансира хуманитарни интервенции на повеќе од 200 партнерски организации во речиси 80 земји во светот.
Врз основа на проценката на потребите на најранливите популации во светот, петте најголеми хуманитарни операции ќе бидат во Сахел регионот на Западна Африка, вклучувајќи и понатамошни одговори на конфликтот во Мали (8. милиони €) Судан и Јужен Судан (80 милиони €) , Демократска Република Конго (54 милиони €), Пакистан (42 милиони €) и Сомалија (40 милиони €). Сите овие се големи, долги кризи кои произлегуваат од конфликти, недостиг на храна или обете. Географски, најголем дел од помошта или 52% од програмираните средства се наменети за суб-сахарска Африка.
Како и во претходните години дел од буџетот е наменет за заборавени кризи – популации кои добиваат малку внимание од медиумите и за кои Комисијата е често единствениот главен донатор. Во 2013 година Комисијата идентификуваше неколку популации во девет земји – Алжир, Бангладеш, Централна Африканска Република, Колумбија, Индија, Мјанмар, Пакистан, Шри Ланка и Јемен – кои ги исполнуваат овие критериуми. Единствената нова криза на листата оваа година е онаа предизвикана од конфликтот и внатрешното раселување во Пакистан.