Романија на пат да го признае Косово!?
Министерот за надворешни работи на Романија, Титус Корлацеан, изјави дека би било грешка ако Романија не би ги земала предвид промените и напредокот во врска со Косово.
Изјавата на Корлацеан е дадена на новинарско прашање сдали Романија ќе се придружи на „европскиот тренд“ што се однесува за признавање на независноста на Косово, во емисија на романската Телевизија Реалитатеа.
“Постои политичка реалност на Косово која треба да се третира интелигентно и отворено“, рекол министерот Корлацеан.
Според него, Романија треба да гледа многу внимателно на одвивањето на политичкиот дијалог Белград- Приштина на кој учествува и високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон.
„Тоа се реални работи за кои Букурешт треба да води сметка,“ рекол министерот.
„Од друга страна, јавно ни на ниво на претседатели на држави ниту на ниво на премиери не се дадени знаци за Романија да може да го смени својот став и да ја признае независноста на Косово, иако одвреме навреме добиваме сигнали од Брисел да се определиме “,објаснува Корлацеан.
Претседателот Трајан Басеску во сите прилики цврсто го изразува ставот на Романија за непризнавање на независноста на Косово бидејќи тоа не било во согласност со меѓународното право, заклучува Dnevni avaz./Б.Н.Т
Извор: Dnevni avaz
