Без договор за банките во ЕУ
Министрите за финансии од Европската Унија не успеаја да се договорат како ќе го решат проблемот со банките.
Тие не решија како истовремено да се намалат или затворат банките, без да се примораат даночните обврзници да ја платат сметката.
После 19 часа разговори не се постигна согласување помеѓу членовите на евро-зоната и останатите 10 членки, како Велика Британија. Најконтроверзното прашање беше колку слобода треба да имаат земјите членки во одлуките за намалувањето на бројот на банки.
Министрите ќе брзаат да донесат одлука пред скорешниот самит на лидерите на ЕУ.
“Немам сомневање дека ќе постигнеме договор„, изјави францускиот министер за финансии, Пјер Московиси. Оваа одлука е клучна за стабилизација на европската економија, тврдад експертите. Министрите повторно ќе се сретнат следната среда.
Л.С.
