Србија со датум за преговори во декември, годинава или јануари в година!
Премиерот на Србија, Дачиќ изјави дека ЕУ предложила формулација да и се одреди датум на државата најдоцна во декември додека геманската влада се залагала тоа да биде во јануари.
Како што пренесе Б92, од свои извори, шефовите на дипломатијата на ЕУ биле подготвени да предложат почеток на процесот на преговори за членство на Србија.
Премиерот Дачиќ порача дека за Србија би било разочарувачки ЕУ во декември повторно да расправа по прашањето за датумот.
– ЕУ предложи формулација дека датумот за одржување на првата конференција на Владата на Србија и ЕУ ќе биде во декември а од друга страна во Бундестагот постојат различни предлози за документи во кој се спомнува јануари, но би било разочарувачки – рече Дачиќ.
– Имајки во вид дека тие разговори се внатре во Европската Унија и дека на нив не можеме да влијаеме единствено што можеме е да очекуваме добри вести, додал Дачиќ.
