Филе на „Твитер“: Ја поздравувам одлуката за започнување преговори за членство со Србија и за ДСА со Косово!

Објавено на 25 јуни, 2013 во 16:14

Ја поздравувам одлуката на Советот за општи работи на Европската унија да одобри отпочнување на пристапните преговори на Србија со Унијата, напиша предмалку на својот профил на социјалната мрежа “Твитер“ еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Тој учествува на состанокот на министрите за надворешни работи во Луксембург.

Во исто време, Филе, кој попладнево заедно со ирскиот вице-премиер треба на прес-конференција да ги соопшти заклучоците за проширувањето за Самитот на Европскиот совет, соопшти и дека ЕУ ќе препорача и започнување на преговори за Договор за стабилизација и асоцијација (ДСА) со Косово.

– Отпочнувањето на преговори за членство со Србија е доказ за кредибилитетот по невидените чекори за нормализирање превземени од оваа земја. Истото се однесува и на ДСА за Косово, напиша Филе на “Твитер“.

Во исто време, Советот на ЕУ во Луксембург веќе лиферуваше информација дека министрите на земјите-членки на ЕУ донеле заклучок за претстојниот Самит, според кој, Србија ќе ги почне официјалните преговори најдоцна во јануари 2014 година.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.