Двата закони за медиумите доставени до Собрание

Објавено на 15 јули, 2013 во 16:59

Во два посебни законa усогласени со препораките на ОБСЕ, Советот на Европа и ЗНМ, ќе бидат регулирани медиумите и аудиовизуелните и медиумските услуги.

Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски предлог законите за медиуми и за аудиовизуелни и медиумски услуги се усвоени на владина седница и пратени до Собранието на Република Македонија во редовна постапка.

Законот за медиуми ќе се однесува на сите медуми што претставуваат средство за јавно информирање, односно било каков вид комуникација како весници, магазини, програми на радиото и телевизијата, електронски публикации, телетекст и други средства за дневно или периодично објавување.

Агенцијата за медиуми и аудиовизуелни услуги или по старо Советот на радиодифузија ќе имаат надзорна функција врз порталите. Доколку некој ги прекрши правилата ќе постапува судот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.