Јоханес Хан и Федерика Могерини одговорни за проширувањето на ЕУ

Објавено на 10 септември, 2014 во 14:12

Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер ја објави предлог листата со нови комесари. Австриецот Јоханес Хан е комесар за соседство и проширување.

Хан, како што рече претседателот Јункер, директно ќе добива задачи од новопредложената шефициа на европската дипломатија Федерика Могерини.

– Госпоѓа Могерини ќе има полна одговороност како потпретседател и таа ќе ја делигара политиката до комесарот за соседство и проширување, што ќе биде една од нејзините задачи, изјави Јункер.

Како што најави новиот претседател на ЕК, новиот состав ќе даде свеж почеток, а тој лично гарантира зад секој од предложените кандидати. Меѓу предложените комесари има 9 поранешни министри, 6-7 досегашни комесари, 8 европарламентарци, 11 –мина се со економски ии финасиски бекграунд, 8 се специјализирани за надворешна политика.

Комисијата ќе ја чинат 9 жени, од кои 3 ќе имаат клучна улога.

Јункер најави промени во работењето на Комисијата, за која треба да се изјасни Европскиот Парлемнт. Новите комесари на дожност стапуваат во ноември.

Јоханес Хан е досегашен комесар за регионална политика во тимот на Баросо. 56-годишниот Хан е поранешен асвстриски министер за образование, лидер на Конзервативната народна партија и член на градскиот совет. По професија е правник.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.