Јункер: Западен Балкан јасно гледа во нас повеќе од што ние гледаме во нашата Унија
Претседатедателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска во Стразбур рече дека земјите на Западен Балкан повеќе се гледаат како ЕУ отколку нејзините членки.
Тој нагласи дека секој партнер од регионот мора да го продолжи својот реформски пат, посебно во областа на владеење на правото и основните слободи.
Потсетувајќи дека го посети Западен Балкан пред неполни две недели, Јункер на пленарната седница на Европскиот парламент рече дека тоа би било незаборавно патување од многу причини, а дека најголем впечаток му оставиле страста и убедувањето за ЕУ, пренесе ЕК.
Јункер рече дека тоа му ја обновила вербата и надежта дека ако регионот, драматичниот регион како Западен Балкан е толку одлучен да се реформира од врв до дно за да и се приклучи на ЕУ, тогаш унијата мора да биде вредна за регионот да биде нејзин дел.
„Западен Балкан јасно гледа во нас повеќе од што ние гледаме во нашата Унија. Сакам да видам иста верба и во нашата Унија широка 27 членки“, истакна Јункер.
Уште многу треба да се направо на Западен Балкан, смета Јункер, сите билатерални конфликти мора да бидат разрешени и потребно е поголемо единство.
Нагласи дека секој партнер од Западен Балкан мора да продолжи по својот реформски пат, посебно кога е збор за владеењето на правото и основните слободи и вредности.
„Како што им реков на лидерите во регионо, нема да има забрзување на патот кон ЕУ. Ние ја ставаме суштината пред брзината. На секој случај ќе гледаме според заслугите без фиксни датуми или рокови“, рече Јункер.
„Сепак, се вратив од пат поуверен од кога и да е дека ова е наша заедничка иднина. Станува збор за помирување на нашата историја и географија“. додаде тој.
Затоа, смета, тоа е причина ЕУ да се фокусира на изградба на посилна, подемократска и пообединета Европа.
За тоа, додаде, ќе се разговара на состанокот на Европскиот совет на 22 и 23 март.