Вархеји ја поздрави испораката на вакцини против Ковид-19 во Северна Македонија и Црна Гора

Објавено на 28 март, 2021 во 14:04

varheji fin

28.03.2021

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска ја поздрави испораката на вакцини против Ковид-19 во Северна Македонија и Црна Гора преку програмата Ковакс.

„ЕУ е меѓу оние кои најмногу придонесуваат за Ковакс и е солидарна со своите партнери за да се обезбеди вакцините да стигнат до сите. Ќе излеземе заедно од пандемијата”, напиша Вархеји на својот профил на Твитер.

Во Црна Гора и Северна Македонија, преку програмата Ковакс, денеска пристигнаа по 24.000 дози на вакцината АстраЗенека.

ЕУ во својата порака на Твитер истакна дека поддршката на Унијата за програмата Ковакс помага да се осигура дека безбедните вакцини ќе стигнат до сите подеднакво.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.