Филипче: Ќе се бара сертификат, потврда или негативен ПЦР тест за влез и излез од земјава
Објавено на 16 август, 2021 во 12:20
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека утре ќе биде предложена нова мерка за целата земја.
-Мерката ќе се однесува за влез и излез од нашата земја. Ќе биде барана потврда за вакцинација, негативен ПЦР тест или доказ за прележување на болеста, истакна Филипче.