Филипче: Пристигнуваат 100 илјади вакцини на АстраЗенека
Објавено на 9 јули, 2021 во 11:54
Министерот за здравство Венко Филипче најави дека денеска пристигнуваат 100 илјади вакцини на АстраЗенека, донација од соседна Грција.
Тој соопшти дека денеска ќе бидат подготвен распоредот по кој ќе се изврши теренското вакцинирање, потенцирајќи дека акцент ќе биде ставен на руралните средини, особено во Шуто Оризари.
Апелираше граѓаните да се јават на пунктовите и да се вакцинираат, бидејќи веќе од понеделник сите пунктови ќе бидат отворени и ќе може да се вакцинираат сите оние кои сакаат да се вакцинираат и без да се пријават.