Голем меѓународен стрип настан во Велес

Објавено на 23 август, 2021 во 12:30

Во организација на Стрип центарот на Македонија, во Велес во текот на викендот се одржа 18 Меѓународен стрип салон.

Во куќата музеј на Касапови отворена е третата Меѓународна стрип колонија „Велес 2021“, каде млади автори твореле стрипови под будното око на ангажирани едукатори. Финансиран од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија и Општина Велес.

Најголемо значење има стрип конференцијата како дел од проектот „CAN FOR BALKANS”, финансиран од страна на Европската унија – програма Креативна Европа. Имавме учесници од Албанија, Србија, Романија, Белгија и Македонија кои меѓусебно се запознаваа и дебатираа за надминување на стереотипите и историскиот контекст во стип издавашството во светот, рече Томе Трајков, програм координатор во СЦМ.

Исто така беа доделени и наградите од Меѓународниот стип конкурс на кој беа пријавени вкупно 161 стрип од разни земји..

За наградата „Златен стрип“, прво место доби Сабахудин Мурановиќ Муран, од Босна и Херцеговина, за стрипот „УБАВЕЦОТ ДРАГЧЕ“, второто место го делеа двајца  Стрип „ ИМИГРАНТИ“ Дамир Чиврак (сценарио) ,Жељко Иванчиќ(цртеж), Ненад Бариниќ(колор) и  Стрип „ БАЛАДА ЗА МОЈОТ НЕПРИЈАТЕЛ“ Дарко Богданов и Александар Стеванов  и третото место го добија Стрипот „ Colors of Brussels“ на Даша Конопатова од Русија и Стрипот „ШТАЈНЕРОВ КРАЈ “ на авторите Предраг Ѓуриќ (сценарио )и Звонимир Видиќ (цртеж).

За најдобар сценарист прогласен е Марко Стојановиќ  од Лесковац, Србија. Потоа за најдобар уметнички израз Стрипот „СЕЧА КНЕЗОВА„ Марко Стојановиќ од Србија , Игор Крстиќ од Србија и Кристиан Пачурариу од Романија.

За најдобар автор од Македонија е прогласена Ѓургица Варела, Гевгелија’ за стрипот “СМРТТА НА БАЗИЛ ХАРВАРД“.  За најдобар дебитантски стрип Славица Купенкова , Скопје за стрипот „УЧИЛИШНИТЕ АВАНТУРИ НА ЈАН“.

Наградени ученици од основно училиште за најдобар стрип Елена Апостоловска, Стајковци, Скопје за стрипот„ ПРОНАЈДИ ЈА СВОЈАТА СРЕЌА“. Специјална плакета за стрипот „ ЉУБОВЕН ТРИАГОЛНИК“ Марија Јовановска од Куманово. Најдобар стрип вон Македонија Анастасија Видановиќ од Лесковац, Србија за стрипот„ IZMEGU DVE VATRE“ и за најдобро сценарио – идеа Ема Величковска од Скопје за стрипот „ ЛАЗАРОПОЛЕ“.

Наградени ученици од средно училиште, за најдобар најдобар стрип Марија Ристучин и Каја Домазетовска, двете од Скопје, за стрипот „ЛУДО И НЕЗАБОРАВНО“,  специјална плакетаТамара Мишовска од Скопје за стрипот „ЕЛИПСИЗАМ“ и најдобар стрип вон Македонија Милам Конаков од Сомбор-Србија за стрипот MASAKR U MILTONU.

За најдобар ментор признание доби Маја Крстева , наставник од Скопје, за највозрасен ученик Тоде Блажески , Скопје, за најмлад автор признание доби Ана Ристов ,Кавадарци.

Признание за соработка добија Leskovacka Skola Stripa „ NIKOLA MITROVIC KOKAN “ Leskovac, Srbija, Klub ljubitelja stripova Sombor ,Srbija и Klub Likovnih umetnika RASKA SKOLA , Raska , Srbija.

Стефани Манева 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.