Голем успех на младите математичари: Освоија четири медали на Интернационална математичка олимпијада
Објавено на 15 јули, 2022 во 12:45
Шест млади математичари од државава освоија два сребрени, два бронзени медали, како и пофалници на 63. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2022).
Како што информираше Сојузот на математичари, Никола Спировски и Дамјан Давков од македонската репрезентација освоија сребрени медали, Блаже Суклевски и Јан Стојановски бронзени, додека Алексиј Тасиќ и Јасна Илиева добија пофалници.
Водач на тимот е Илија Јовчески, а заменик-водач е Мирко Петрушевски.