Големата акција за проверка на работата на кабареaта, дискотеките и ноќните клубови во државата

Управата за финансиска полиција денес соопшти дека активно е вклучена во голема акција за проверка на работата на објектите кои функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови низ државата и се постапува согласно со своите законски надлежности.
„На располагање се ставени сите капацитети на Управата за финансиска полиција за потребите на оваа акција, која има за цел да открие евентуални неправилности и нелегални активности во работењето на овие објекти. Акцијата се фокусира на утврдување на финансиски проневери, избегнување на даночни обврски, нелегално работење и други неправилности во финансиското работење на угостителите. Паралелно со ова, истражните органи се насочени кон откривање на сите аспекти кои би можеле да доведат до санкционирање на оние кои не ги почитуваат законите и регулативите,“ соопштија од Управата.
Додадоа дека се во тесна координација со сите институции и работат посветено на целосно отстранување на сите неправилности во насока на обезбедување на почитување на законите и регулативите. Во исто време додаваат дека преземале потребни мерки и активности за санкционирање на секој вид на неправилности кои ќе бидат утврдени во текот на акцијата.
Дума.мк
