Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
Објавено на 17 февруари, 2025 во 12:12

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за еден денар по литар, а цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со оваа одлука цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 74,00 ден/лит. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 80,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 82,00 ден/лит, додека Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 73,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,802 ден/кг. и истата ќе изнесува 47,209 ден/кг.
Дума.мк
