Хрватска ги замрзна цените на горивата
Објавено на 21 јуни, 2022 во 11:47
Хрватската влада одлучи на сегашното ниво да ги замрзне цените на горивата на сите бензински пумпи, освен на автопатите, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Така дизелот ќе чини 1,70 евра за литар, а бензинот 95 – 1,75 евра за литар.
Цените на обичниот бензин и дизелот на бензинските пумпи покрај автопатите во Словенија, пак, денеска се повисоки за речиси 20 центи за литар, објавија локалните медиуми.
Обичниот бензин чини 1,75 евра за литар, а дизелот 1,85 евра за литар.