Иако е мирна ситуацијата, корона вирусот е се уште присутен

Објавено на 24 март, 2022 во 09:50

„Иако е мирна ситуацијата луѓето да бидат свесни дека вирусот е присутен, а вакцинацијата е најбезбедниот начин за спречување на тешка форма на болест, хоспитализација и смртен исход“, велат од КЗБ.

На средба на Комисијата за заразни болести, како што се посочува, била разгледана актуелната епидемиолошка состојба и се дискутирало во насока на интензивирање на кампањата за вакцинација против Ковид-19, преку пласирање научно проверени информации преку социјални мрежи и медиуми, со цел соодветно да се информира и едуцира јавноста за безбедноста и ефикасноста на вакцините.

Досега во земјата се направени вкупно 1.944.313 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.047, бројот на оздравени пациенти е 292.886, на починати е 9.188, а бројот на активни случаи изнесува 1.973.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.