Импресивна но и застрашувачка глетка на брегот на Халкидики во Грција

Објавено на 15 август, 2022 во 13:26

Импресивна, но во исто време и застрашувачка „водена пијавица“ се формирала во неделата наутро во близина на брегот на полуостровот Халкидики во Грција.

Туристите на плажата Ксенија, во близина на селото Палиури на југот на полуостровот, веднаш ги зграпчија телефоните за да ја овековечат спектакуларната глетка, а снимката брзо се прошири на социјалните мрежи.

Имено, „пијавицата“ се појавила во текот на денот и во комбинација со високата температура и влажноста формирала вртлог помеѓу „облакот од бура“ и површината на морето.

Главната причина за оваа појава е големата температурна разлика помеѓу водните површини и горните слоеви на атмосферата.

Иако се послаби од торнадата, тие имаат брзина на ветер поголема од 100 километри на час, но кога ќе стигнат до копно, тие се распрснуваат.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.