Истекува рокот за бесплатен превоз на студентите без продолжен билет
Рокот за бесплатен билет на студентите во ЈСП истекува за неколку дена, односно, доколку од 1 март не поседуваат уредно заверен билет, ќе добијат казна во случај да не поседува друг тип валиден билет.
– Ги потсетуваме студентите кои ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз дека уште неколку дена имаат право на бесплатен превоз со незаверен/непродолжен билет за 2022 година. Од 1 март 2022 год секој студент од посочената категорија, доколку не поседува уредно заверен/продолжен билет, во случај на линиска контрола, ќе добие записник (казна), доколку не поседува друг тип валиден билет, стои во соопштението на ЈСП.
Единствен валиден документ за користење на бесплатниот превоз е уредно заверен/продолжен билет за тековната година, не се признаваат индекс, потврда за студент и слично.
– ЈСП Скопје и годинава по барање на студентите, за три месеци го продолжи рокот за продолжување на важноста на посочениот тип на билет за 2022 година. Продолжувањето на билетот се врши во некој од центрите за персонализација со неопходната документација (индекс на увид со запишан летен семестар и потврда за редовен студент, не постара од 1 месец), додаваат оттаму.