Кавадаречкиот театар „Иван Мазов – Климе“ со четири награди на ДАФ во Кочани

Објавено на 26 мај, 2021 во 12:47

ГРАН ПРИ наградата „Васил Ќортошев“ на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани , наградата за најдобра машка улога и за најдобра режија годинава ги доби претставата „Не се клади на Енглези“ на Театар при Дом на култура  „Иван Мазов – Климе“од Кавадарци.

Актерот Видан Станоев кој во претставата „Не се клади на Енглези“го игра  ликот на Негре е добитник на наградата за најдобра машка улога додека режисерот Диме Коцев за најдобра режија.

Исто така, Театар при Дом на култура  „Иван Мазов – Климе“од Кавадарци ја освои и наградата за најдобра претстава во категоријата театар за деца и младинци за претставата „Авантурата на принцезата Лили“  во режија на Микица Илова.

Наградите на 58 издание на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани , годинава, ги додели тричлено жири  во состав: Адем Карага, Перо Даниловски и Александар Димитров.  

На фестивалот наградите за главна женска улога и за епизодна машка улога ги добија актери во претставата „Стјуардеси“ во режија на Ефтим Трајчов од Штип . Тоа се актерката Ива Џорлева за улогата на Џева  и актерот Мартин Ристов за улогата на Најдо во истоимената претстава.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.