Клиника за инфективни болести: Нема хоспитализиран пациент со мајмунски сипаници
Објавено на 10 август, 2022 во 12:36

Нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, информираат од Клиниката за инфективни болести.
„Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница станува збор за суспектен пациент кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање“, се додава во информацијата од Клиниката за инфективни болести.
Во моментов, појаснуваат оттаму, се организира епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета.
„До овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај на мајмунски сипаници“, е нагласено во соопштението.
