Ковачевски: Се работи на нов енергетски план за да нема рестрикции
Оваа есен, зима, следната пролет се најтешки во повоената македонска држава и ние тоа ќе го пребродиме заедно. Планот е договорен, денеска презентиран и во претстојниот период, но и веќе се работи на негова реализација. Се работи и на нов енергетски план за следната пролет, како и на план за максимално зголемување на производството на храна. За ова што е случува се подготвуваме и сме подготвени, истакна премиерот Димитар Ковачевски по состанокот со претседателот на државата Стево Пендаровски .
Ковачевски напомена дека планот за производство на ЕСМ годинава ќе се зголеми за 25 отсто. Постојат, додаде, и ризици поради можни испади заради застареност на опремата во некои блокови стари по 45 – 50 години, но и во однос на цените во светски рамки, евентуални забрани за извоз на природен гас и други суровини за производство на електрична енергија.
Овој план, подвлече Ковачевски, е за да нема рестрикции.
-Не е тајна дека не очекува тешка зима. По пандемијата сега сме соочени со голема енергетска и економска криза. Премиерот и членовите на Владата информираа за анализите и проекциите за претстојната сеозна, за чекорите кои досега се преземаа во однос на ескалирањето на цената на струјата, како и за мерките што ќе се поддржат за поддршка на домаќинствата и бизнис секторот, рече Пендаровски.