Ковачевски: Во услови на криза, сите институции се должни да ги намалат трошоците

Објавено на 16 март, 2022 во 10:10

Во услови на криза, сите институции се должни рационално и одговорно да го трошат буџетот и да ги намалат трошоците. За оваа цел, владата донесовме конкретни мерки и одлуки, пишува на својот Фејсбук профил, премиерот Димитар Ковачевски.

-До 21 март сите буџетски корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10% и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до МФ.Се забранува започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата по претходна согласност од Владата.За 50% да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користење на службените возила задолжително.Да го намалат бројот на службени патувања и значително да се намали бројот на членови на делегации при патувања во странство.Акционерските друштва во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15%, напиша Ковачевски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.