Ковид статистика: 21 нов случај, пријавени 2 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 773 тестови, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 9, Битола – 5, Кавадарци и Охрид – по 2, Штип, Кичево и Делчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (21), регистрирани се 5 реинфекции.
Регистриран e 71 оздравен пациент од: Битола – 21, Скопје – 16, Кавадарци и Охрид – по 7, Кичево – 5, Прилеп и Берово – по 4, Куманово – 2, Штип, Кочани, Неготино, Ресен и Демир капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје (66г) и Штип (80г). Лицата се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 29.04.-01.05.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.023.422 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.790, бројот на оздравени пациенти е 299.936, на починати е 9.282, а бројот на активни случаи изнесува 572.
