Ковид статистика: Висок број на новозаразени, починати осум лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се 3.543 тестирања, а регистрирани се 335 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 179, Прилеп – 31, Битола – 16, Кавадарци – 15, Ресен – 12, Велес и Охрид – по 10, Куманово и Гевгелија – по 8, Валандово – 7, Тетово, Кичево и Радовиш – по 5, Штип – 4, Неготино – 3, Гостивар, Кочани, Делчево, Демир Хисар и Крушево – по 2, Струмица, Струга, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 515 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 26.11-16.12.2021 година.
Досега во земјата се направени вкупно 1.555.273 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221 744, бројот на оздравени пациенти е 208 724, на починати е 7838, а бројот на активни случаи изнесува 5182.
