Краток проблем со апликацијата за Попис 2021, не со интернетот

Објавено на 6 септември, 2021 во 17:01

Државниот завод за статистика излезе со официјално соопштение за денешниот, во неколку наврати, прекинат процес на статистичката операција Попис 2021. Во соопштението се вели:

„Денес, 6 септември, во претпладневните часови се појавија спорадични и локациски изолирани проблеми при  процесот на попишување на населението на терен. Во кратки периоди и на одредени локации апликацијата за попишување не функционираше и одреден број на попишувачи не можеа да попишуваат. Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и за кратко процесот продолжи непречено. Би сакале да потенцираме дека проблемот што се појави не се должи на интернет конекцијата со која се овозможува попишување, туку ова се можни и нормални проблеми кои се резултат на поголем број паралелни сесии. 

Колку за илустрација,  во тие 2-3 часа додека траеја техничките проблеми, беа попишани речиси 10 илјади лица на целата територија на државата.

Државниот завод за статистика се извинува за лошо изнесената изјава дека проблемите се должат на паѓање на интернетот и јавно се извинува на Македонски Телеком АД за несреќно дадената изјава што се должи на недостиг на точни информации,“ пишува во соопштението на Државен завод за статистика.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.