Кравињо: Билатералното прашање на Македонија со Бугарија е заокружено

Објавено на 26 јули, 2022 во 12:42

Од суштинско значење во меѓународната политика е да верувате на дадениот збор, на ставениот потпис и на преземената обврска. Билатералното прашање на Северна Македонија со Бугарија е заокружено, има за него заклучок и тоа беше забележано со меѓувладината конференција, кажа денеска од Скопје, португалскиот министер за надворешни работи, Гомес Кравињо.

Тој напомена дека Португалија и натаму ќе ја поддржува нашата земја во текот на целиот процес на пристапување во ЕУ.Кравињо на парашањето која е разликата меѓу францускиот и португалскиот предлог посочи дека биле вложени напори да состават предлог кој ќе биде прифатен и дека во политиката треба да се погледне над хоризонтот.

-Договорот кој е постигнат е договор кој овозможува скрининг кој е интензивен и има две фази. Првата е објаснување на скринингот и потоа следува билатерален скрининг кога се утврдуваат разликите во законодавн рамка на Северна Македонија во однос на европската, кажа тој.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.