Во Македонија лани имало 6.724 повеќе починати отколку родени

Објавено на 2 јули, 2021 во 09:56

Според податоците на Државниот завод за статистика, во С. Македонија, минатата година во градските подрачја живородени се 11.258 деца или 59.2 % од вкупниот број на живородените деца, додека 7.773 или 40.8 % деца се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број раѓања по региони има Скопскиот со 38.8 %, а најмало Источниот Регион со 6.1 %. Со ова, евидентиран е негативен природен прираст од 6.724 луѓе.

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 73.1 година, а во селските 73.6 години.

Природниот прираст е негативен и изнесува -4 690 лица во градските подрачја и -2 034 лица во селските подрачја. Само Скопскиот регион бележи позитивен природен прираст, а останатите региони бележат негативен природен прираст.

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 37.6 % имаат преселбите од село во град наспроти меѓуградските преселби со 8.7 %.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.