Лажен понудувач на услуги го користи името на Централен регистар и бара надомест од правни субјекти
Централен регистер на РСМ преку соопштение се обрати до клиентите и ги информира за злоупотреба на името на оваа државна институција од страна на субјект кој во нејзино име нуди услуги за надомест.
„Ја информираме јавноста, дека, откако извесен субјект во името на Централен регистар нудел на правни субјекти извесни услуги, вклучувајќи пакети, сертификати, награди и сл. а притоа информирајќи ги субјектите за нивната деловна состојба, а за услугите барајќи одреден надомест, зад истиот понудувач на наведените услуги НЕ СТОИ Централниот регистар како институција и децидно се оградуваме од било каква соработка и поврзаност со понудувачи од овој вид.
Ги советуваме граѓаните да не подлегнуваат на информации од овој вид, за сѐ што ќе бидат информирани од надворешни субјекти / понудувачи да бидат ВНИМАТЕЛНИ, да го информираат Централниот регистар, со цел да се заштитат себеси а и останатата јавност од ваков вид на злоупотреба,“ соопшти ЦРРСМ.
Државната институција сугерира на клиентите да ја контактираат за дополнителни информации на [email protected]
Дума.мк