Лекарската комора ќе одлучува за медицинските лица кои шират антиваксерски објави

Објавено на 23 август, 2021 во 14:24

Министерот за здравство Венко Филипче  ја осуди појавата на лекари кои шират антиваксерска кампања на социјалните мрежи.

-Со лажните вести се загрозува јавното здравје и се доведува до сериозно оптоварување на болниците поради ширењето страв кај луѓето за да не се вакцинираат. Ние ги слушаме сите ставови и на протестите, но досега не сме слушнале издржана контрааргументација за вакцинирањето, бидејќи тие протести се проследени со навреди и закани. Но, во исто време имаме зголемен број граѓани што се вакцинираат, дневно се вакцинираат по 12 до 13 илјади. И тоа е сериозен глас на граѓаните. Во врска со медицинските лица што шират такви ставови, Лекарската комора сериозно ги анализира сите и наскоро ќе излезе со свој став ,рече Филипче.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.