Ќе се формира Национален младински совет !

Објавено на 11 ноември, 2012 во 10:54

Младите луѓе во Македонија ќе се организираат во здужение на граѓани со свои органи и тела на национално ниво. Ќе се вика Национален младински совет на Република Македонија и ќе има за цел да ги застапува интересите на оваа категорија на граѓани.

 

Подготовките биле направени од страна на повеќето младински организации кои постојат и функционираат во внатрешноста на државата и во Скопје. Меѓу нив е и Сојузот на извидници на Република Македонија со најдолга традиција на организирана поставеност поточно извиднички одреди во  повеќе градови обединети во национална организација.  Релативно помладо здружение на млади граѓани е и коалиција Република Млади.

Поддршка за иницијативата има од Европскиот младински форум. Во недела ќе биде преставен концептот, улогата и структурата на Националниот младински совет како и идните активности на вкупно 36-те здруженија на граѓани кои застанале зад иницијативата за основање на Националниот младински совет.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.