Во Керозин уапсени девет лица од Неготино!
Запленети се цистерни, возила и 26.000 евра. Меѓу уапсените се сопственикот на фирмата „Алма – Комерц” со уште осуммина негови сограѓани откако биле следени повеќе месеци со примена на посебни истражни мерки. Тие се осомничени дека сториле злоупотреби со неисполнување на обврски од склучените договори за јавни набавки со нафта за греење.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=V68iyunDOrg{/youtube}Полицијата поднесе кривични пријави против организаторите А.П.(57), Љ.П.(32) и Љ.Т.(31) како и против членовите на групата М.П.(52), М.Д.(33), А.А.(29), М.П.(31), Г.Ј.(39) и Ѓ.С.(39) од Неготино.
Засега нема точни информации за колку е оштетен државниот буџет. Се калкулира со цифрата, десетици илјади евра.
Групата, е осомничена за криминал кој се случувал во неколку градови во државава каде не биле исполнувани обврските од склучени договори за јавни набавки, поточно транспорт и испорака на нафта за греење на државни институции како и детски градинки, училишта и здравствени домови. Ним наместо договорените им биле испорачувани помали количини на нафта од страна на фирмата „Алма комерц“. Фирмата користела таканаречени ,,цистерни близначки“ кои наместо потребната на корисниците им дистрибуирале помала количина на нафта за огрев.