Едномесечен притвор за приведените во „Керозин“!

Објавено на 18 ноември, 2012 во 11:26

Пред истражниот судија сите деветмина уапсени неготинци се бранеле со молчење.  Тие се осомничени дека направиле криминал со нафта и го оштетиле Буџетот за неколку десетици илјади евра. За извршени злоупотреби преку неисполнување на обврските од склучените договори за јавни набавки, транспорт и испорака на нафта за греење на набавувачите коишто најчесто се државни органи, институции, единици на локална самоуправа и органи во нивна надлежност истражниот судија ним им одреди мерка притвор во времетраење од триесет дена.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.