Се празнува Св. Архангел Михаил

Објавено на 21 ноември, 2012 во 14:43

Православните верници денеска го слават војводата на целата ангелска војска, Свети Архангел Михаил, односно на овој ден се одбележува Соборот на св. Архангел Михаил. Празникот е утврден во четвртиот век со цел да се дефинира правилното почитување на ангелите.

Михаил  е архангел споменат во Откровението во Стариот Завет и е претставен е како заповедник (војвода) на Господовата војска. Тој е меѓу главните ангели во Аврамските преданија и, според преданието, неговото име било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.