Петрески:„Во Македонија наместо децентрализација се случува процес на национализација“!
Во организација на Прогрес, Институтот за социјална демократија и Фондацијата Фридрих Еберт во Охрид, се одржа трибина на тема Локален развој и подобар животен стандард. Во дискусијата се вклучија Александар Петрески, градоначалник на Охрид, Јани Макрадули, потпретседател на Собранието на РМ и кандидат за градоначалник за Град Скопје и Менде Диневски, пратеник во Собранието на РМ и кандидат за градоначалник на Битола, објави www.lihnid.com.
Своите искуства и практики од успешното раководење со општините со присутните и со поранешните градоначалници од редовите на СДСМ и кандидати за градоначалници на престојните локални избори ги споделија Горан Јешиќ потпретседател на владата на Војводина и поранешен градоначалник на Инџија и Дамир Матељан пратеник во Собранието на Република Хрватска и градоначалник на општината Камање.
Инџија е најсупешна општина во Србија со 500 милиони евра странски инвестиции за само неколку години и стапка на невработеност од 5%, додека општина Камање е најуспешна општина во Хрватска во однос на искористување на фондовите на ЕУ.
„Потребно е добро раководство во локалните самоуправи но и добра соработка и координираност со централната власт.За жал кај нас се случува многу негативен процес на централизација каде што една авторитарна власт се обидува да ги одземе ингеренциите и надлежностите на локалната самоуправа со тоа централизирајќи ја својата моќ и попречувајки го локалниот развој“ – рече Дане Талески политиколог.
„Секој граѓанин треба да почуствува бенефит од парите што ги издвојува, дека за нив треба да знае каде се трошат но и да одлучува каде да се трошат.Но наместо децентрализаицјата да продолжи од 2007 година кога СДСМ ја изгуби власта, не само што нема никаков напредок во децентрализацијата туку имаме повторно враќање во времето од 1945 година кога се национализираше се и сешто“ – рече Александар Петрески, градоначалник на Охрид.
„Ако ги прашате граѓаните на просторите на поранешна Југославија кој сака да управува со нивните пари одоговрот секогаш ќе биде дека тоа се општините, со тоа процесот на децентрализација овозможува намалување на нивото на корупција“ – рече Горан Јешиќ, поранешен градоначалник на Инџија.