Позначен пораст на животните трошоци во ноември!
Објавено на 3 декември, 2012 во 14:44
Минатиот месец во однос на ноември 2011-та трошоците за живот се зголемиле за 4,6 отсто, додека во истиот период растот кај цените на мало изнесува 3,8 проценти, соопшти Заводот за статистика.
Најголем скок на животните трошоци има за огрев и осветлување од 13,6 проценти, кај облеката и обувките изнесува 9,9 отсто, кај домување растот е 9,5 а кај исхраната 4,2 проценти.
Во 11-те месеци од годинава во споредба со истиот период лани цените на мало се зголемиле за 3,3 отсто.