Македонија го празнува Св. Климент Охридски!
Објавено на 8 декември, 2012 во 09:50
Денешниот ден е неработен.
Се одбележува делото на првиот оригинален словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа, Св. Климент Охридски.
Ќе се додели државната награда за особени остварувања во воспитанието, образованието, културата, науката и здравството.
Годинешнешни добитници на наградата се географот Ѓорѓи Павлески, актерот Бранко Ѓорчев,дерматовенерологот Ѓорѓи Гоцев и кардиологот Антонио Георгиев.
Ним наградата ќе им биде врачена денеска напладне во Музеј на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим.