Лекарите денеска пред Влада !
Објавено на 8 декември, 2012 во 09:57
Како што соопштија, по 24 дена штрајк нема напредок во преговорите со Министерството за здравство.
Лекарите специјалисти бараат промена на моделот за плаќање по учинок и за зголемување на платите.
Според Дејан Ставриќ, претседател на Самостојниот синдикат на клиничките центри, на протестот, покрај лекарите од скопските клиники, ќе присуствуваат и лекарите од другите болнци во земјава.
“За разлика од минатата сабота, овој собир е отворен и можат да дојдат сите граѓани кои чувствуваат дека треба да дадат поддршка”, рече д-р Ставриќ.
Штрајкот на лекарите го поддржа и Хелсиншкиот комитет на Македонија и побара министерот за здравство Никола Тодоров итно да почне преговори со лекарите.