Земјотрес во охридско-струшкиот регион!
Објавено на 9 декември, 2012 во 11:31
Три минути пред полноќ земјотрес со интензитет од 3,6 степени ја стресе Струга и регионот.
Епицентарот бил на 7 километри од Вевчани на територијата на Албанија, 8 километри под земјината кора.
Земјотресот е почувствуван од жителите на Вевчани, Струга, Охрид и околината. Првичите информации се дека нема материјални штети бидејќи се работи за мал потрес.