На планинските превои забрана за движење на тешки товрни возила!
Објавено: 10 декември, 2012, во 09:39 часот
Внимателно возење поради појава на голомразица, коловозите се влажни.
Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци Крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево (пл. Премин Стража), Струга – гп.Ќафасан, Кичево – Македонски Брод – Прилеп, додека сообраќајот на патниот правец Отешево – гп.Стење е нормализиран.
Внимателно треба да се вози и на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови и пo влажни коловози. Поради врнежи од снег со среден интензитет, особено внимателно треба да се вози во западниот дел од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата
