Комисијата за труд и социјална политика сепак ќе заседава!
Претседателот на Собранието Трајко Вељановски веќе за во среда закажа седница на Комисијата за труд и социјална политика.
Ќе се разгледуваат законите што ги засегаат пензионерите и корисниците на социјална помош. Парламентарниот спикер се одлучи на ваков чекор, тој да ја свика комисијата откако, претседателката на мaтичната комисија Цветанка Иванова одбиваше да закаже седница се додека не заврши седницата на која се расправа за законот за бранители
Во соопштението од кабинетот на Вељановски стои дека тој ќе ги превземе сите неопходни чекори за да може собранието и неговите тела да работат без опструкции, а со седницата ќе претседава, Миле Пачемски,член на оваа комисија, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
Во меѓувреме, во Комисијата за труд тече амандманската расправа за законот за бранители. ДУИ останува на ставот дека овој закон нема да се донесе.
СДСМ и претседателката на комисијата, Цветанка Иванова, беа обвинувани дека го кочат покачувањето на пензиите и социјалната помош и затоа Иванова најави дека и СДСМ ќе поднесе амандман за покачувањето на пензиите и на социјалната помош да биде од почетокот на следната година наместо како што предлага ВМРО-ДПМНЕ од март 2013 година.