Конференција на Хелтгрупер за проектот плата по учинок!
Да има реформа на начинот на плаќање на лекарите, но таа да биде по принцип на наградување и стимулирање, зашто само во такви здравствени системи бенефит имаат пациентите.
Ова го заклучија учесниците на конференцијата на интернет -сервисот Хелтгрупер за проектот плаќање по учинок.
Владимир Лазаревик рече дека домашните и странските учесници заклучиле оти реформата не може да се прави според еден модел.
„ Не постои еден модел, не можеме да зборуваме за американски, француски или германски модел. Можеме да зборуваме за тоа како да се стави во контекст на денешната ситуација,“ рече Лазаревик.
Д-р Франц Порсолт, онколог од Улм, Германија, изјави дека системот плаќање по учинок не може да биде функционален зашто не се однесува на користа што ќе ја има пациентот, туку на волуменот на услуги кои се даваат.
„Најдоба здравствена услуга е кога проблемот на пациентот се решава на најефикасен начин, но со вложување на најмали можни трошоци или ресурси во лекувањето, рече Порсолт.
„Сакајќи да ја постигнат нормата, ќе предизвикаме скап систем – практика која потврдена во Америка. Тоа е земја со екстремно високи трошоци во здравството и највисок процент на неосигурени лица и најмала ефикасност на здравствениот систем. Не сакам да ја повториме грешката што ја прави Америка која сега се обидува да ја исправи. Американската влада бара да се напушти моделот за плаќање по квантитет, по обем на услуги, и да се свртат кон квалитетот и кон заштеди, мотивација и иницијативи кои ќе го поевтинат лекувањето, изјави Снежана Костадиновска-Милошеска.
„Сметам дека овојпат изразеното незадоволство на докторите апсолутно ги задоволува етичките норми и правила за покажување на своето незадоволство. Тука не се прекршени етичките норми и правила. Ако има ситуации на направена штета на пацинетите и ако тоа се докаже дека е така, постојат други одредби во законската регулатива и пеналната политика,“ рече д-р Алексеј Дума.